Повеќе стотици граѓани се собраа денес во Женева, во знак на протест поради масакрот над Палестинците за време на протестите на границата во Газа, објави Агенцијата Анадолу (АА).

Околу 500 граѓани се собраа пред канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева. Поддршката беше овозможена и од претставници на неколку организации за човекови права.

Претседателот на еден од нив, Ендер Демиртас, остро го осуди масакрот на границата на Газа. Тој повика на итно сопирање на окупацијата на Палестина.

Толпата носеше транспаренти и извикуваше слогани: “Ерусалим е главен град на Палестина”, “Слободна Палестина”, “Да живее Палестина”.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 65 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.

Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовниот прогон на овој народ.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here