Разузнавачките агенции добија предупредување дека на претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, кој утре би требало да допатува во посета на Босна и Херцеговина, би можело да биде извршен атентат. Според достапните информации, во соопштението се наведува дека атентатот врз Ердоган може да се изврши за време на посетата на балканските земји, објави агенцијата Анадолија.

Турските разузнавачки агенции објавија дека лица од турско потекло, за време на посетата на Ердоган на Балканот во наредниот период, подготвуваат атентат врз турскиот претседател.

Врз основа на извештаи од различни безбедносни извори, тие започнаа истрага. Во тек се детални разузнавачки активности и нема конкретни информации за денот, локацијата или начинот на кој може да се спроведат потенцијални атентати. Дојавата дошла од група турски граѓани кои живеат во главниот град на Македонија, Скопје.

Заменик-премиерот на Турција и портпарол на владата, Бекир Боздаг, откако се појави информација за можен атентат изјавил дека Ердоган нее некој кој се плаши од закани со смрт.

“Дојавата за атентатот врз нашиот претседател не е ништо ново, тие постојано постојат”, изјавил Боздаг.

Според него, Реџеп Тајип Ердоган не е лидер кој ќе се предомисли заради закана или страв од смрт. Тој, истакна Боздаг, ќе го продолжи својот пат. Никој, рече Боздаг, нема да го сопре од овој пат, освен Возвишениот Аллах џ.ш.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here