Во Истанбул денес се одржа вонреден самит на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИК), каде што се разговараше за најновите случувања во Газа. На самитот, со кој претседаваше турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, беше усвоена заедничка декларација на земјите-членки на ОИК. Во декларацијата се наведува дека Израел своите акции, кои претставуваат брутално злосторство, ги изврши со поддршка на Соединетите Американски Држави.

Исто така,нагласена е решеноста да преземат политички и економски мерки против земјите што Ерусалим ги призна како главен град на Израел.

На Самитот исто така беше апелирано да се овозможи меѓународна заштита на палестинскиот народ, вклучително и распоредување на мировни трупи.

Декларацијата ја повикува меѓународната заедница, првенствено Советот за безбедност на ОН, да дејствува во рамките на нејзината јурисдикција со цел да го заштити меѓународното право.

Нај остро се осудуваат криминалните дела кои израелските сили ги изведоа против невооружените Палестинци за време на мирни протести во Газа.

Декларацијата бара меѓународна независна истрага за злосторствата и масакрите извршени од израелските сили во Појасот Газа, со цел да се казнат одговорните.

Нелегитимната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп, со кого Ерусалим беше признаен како главен град на Израел, беше отфрлена.

Од усвоената декларација од земјите-членки на ОИК и од меѓународната заедница се бара да го спречат пристапот до пазарот на производи произведени во нелегални еврејски населби.

Самитот во Истанбул беше организиран по повод израелски напади врз Палестинците за време на мирни протести кои Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба или масовниот прогон на таа нација.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here