Бројот на настрадани Палестинци за време на протестите На границата во Газа се зголеми на 64, вклучувајќи и осум малолетни деца. Министерството за здравство на Палестина потврди дека уште две лица го загубиле животот во саботата изутрина. Тие истакнаа дека починале Муин Абдулхамид ес-Саи (58) и Мухамед Мазин Улејан (20).

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје.

Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовниот прогон на овој народ.

Извор:(Vijesti/ AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here