Ортодоксните Евреи и Палестинци се собраа во Њујорк, изразувајќи незадоволство заради масакрот извршен против палестинските цивили во Газа. Тие се собраа на популарниот Тајмс Сквер и ја осудија употребата на сила и огнено оружје од страна на израелските сили за протестите на границата во Газа, во кои беа убиени најмалку 62 Палестинци, и повредени најмалку 3.000.![]()
Тие повикаа на крај на израелската окупациона политика, носејќи транспаренти и извикувајќи слогани против Израел.
Меѓу демонстрантите беше Раби Довид Фелдман, кој рекол дека се собрале да изразат незадоволство против катстарофата која трае 70-години.
“Настаните во Газа се голем срам за човештвото”, изјавил Фелдман. Тој изрази надеж дека израелската окупација ќе заврши и го критикуваше преместувањето на Американската амбасада во Ерусалим.
Фелдман рече дека тие не го прифаќаат Ерусалим како главен град на Израел.
Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.![]()
![]()
![]()
Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.
Меѓу осудите што доаѓаат од светот, меѓу другото, се вели дека прекумерната сила е неприфатлива во случај на мирни протести што Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба, односно масовно гонење на тие луѓе.
(Vijesti / AA)










