Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во обраќање при отворањето на вонредниот самит на земјите членки на Организацијата за исламска соработка припадници на (OIC) во Истанбул, каде се расправало за неодамнешните настани во Газа, изјави дека Палестинците не се осамени во нивната борба.

“Ние денес од овде на оние кои нашиот регион сакаат да го задушат во крв и солзи им порачуваме дека е доста. Од овој собир им порачувам  дека нашите палестински браќа не се осамени. Нека сите знаат дека прашањето за Ерусалим е прашање на сите муслимани “, истакнал Ердоган.

Тој истакна дека прашањето на Газа повторно ќе биде предадено на Генералното собрание на Обединетите нации (UNGS).

“За жал, секој чекор што го презеде Советот за безбедност на ОН во име на правдата дојде до вето на администрациите на САД, а ние повторно ќе го поставиме прашањето пред Генералното собрание на Обединетите нации. Се надевам дека ќе добиеме поддршка од сите муслимански земји и сите кои имаат совест” , рекол Ердоган.

Тој додаде дека е многу важно да се обезбеди поддршка за Палестинците во нивната борба на патот на правдата.

“Да се направи нешто денес за Палестинците над кои израелските злобници извршуваат, значи да му се покаже на целиот свет дека човештвото сѐ уште не умрело”, изјавил турскиот претседател, додавајќи дека она што Израел го прави може да се нарече државен тероризам.

“Зборувам отворено. Ова што Израел го прави е разбојништво, дивјаштво, државен терор, Израел мора да му плати сметка на меѓународното судство за колежот на невини луѓе”, изјави Ердоган.

Тој, исто така, нагласи дека самите муслимани мора да се борат за своите права.

“Сите знаеме дека осудата, гневот и повиците нема да ја спречат окупацијата и насилството. На муслиманите златни послужавници никој нема да им ги понуди нивните права. Муслиманите мора да се борат за свои права”, рече Ердоган.

Самитот во Истанбул беше организиран по повод израелски напади врз Палестинците за време на мирни протести кои Палестинците ги организираат на 70-годишнината од Накба или масовниот прогон на таа нација.

Илјадници Палестинци се собраа во понеделникот на границата во Газа, во знак на протест поради израелската окупација и американското преместување на Амбасадата на Тел Авив во Ерусалим.

Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат протестите што продолжија во вторникот, користејќи сила и огнено оружје. 62 Палестинци загинаа, а најмалку 3.000 беа повредени.

Извор:(Vijesti / AA)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here