Претседателите на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и Русија Владимир Путин разговарале пои телефон за најновите случувања во Газа. Како се соопштува од канцеларијата на турскиот претседател, Ердоган и Путин разговарале за преместувањето на американската амбасада во Ерусалим, како и за нападите на израелските полицајци врз палестинските демонстранти во Газа .
За време на разговорите, Ердоган во текот на разговорите истакнал дека е крајно непријатно што Палестинците биле изложени на брутални напади пред очите на целиот свет.
Двајцата претседатели исто така разговарале и за вонредниот самит на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ), кој ќе се одржи во Истанбул на 18-ти мај, каде ќе се разговата околу последните случувања во Газа.
(Vijesti. / AA)







