Самоубиствени напади врз три цркви во Индонезија биле извршени од страна начленови на едно семејство, објави ББС.
Најмалку 11 лица загинале, а десетици биле повредени.Како пренесува Би-Би-Си, нападот бил извршен од мајка со две деца, додека таткото и тројцата синови ги нападнале другите две цркви, соопшти полицијата.
Денешните напади се најкрвави во Индонезија од 2005 година, а терористичката организација ИСИЛ ја презеде одговорноста.
Полицијата се сомнева дека денешните напади се поврзани со тридневен крвав бунт во затворот во близина на Џакарта, кога петмина стражари беа убиени.
Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, ги нарече нападите варварски и нареди да се преземе остри мерки против терористичката мрежа, објавија медиумите.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=Q7k2FwWrrjQ[/embedyt]









