Израелските борбени авиони извршија воздушни напади врз Појасот Газа.
Палестинските официјални лица потврдија дека како текот на нападот врз северните делови на Газа, немало жртви или повреди, но очевидци изјавија дека во нападите бил оштетен еден генератор.
Израелската армија ги потврди нападите, тврдејќи дека биле погодени одредени тунели во Газа.
Потсетуваме дека Палестинците одржуваа масовни демонстрации под мотото “Големиот марш за враќање” на границата на Појасот Газа и Израел од крајот на март.
Најмалку 53 Палестинци од појасот Газа беа убиени, а околу 8.000 беа повредени од 30-ти март, кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите по повод одбележувањето на “Денот на Земјата”, симбол на отпор кон израелската окупација.
Се очекува дека кулминацијата на протестите ќе биде на 15 мај, по повод 70-годишнината од Накба или Денот на катастрофата, симболизирајќи ги страдањата и прогонувањето на палестинскиот народ од основањето на израелската држава во палестинската земја.
Извор: Faktor/Анадолија









