Израелските војници убија едно, а ранија 167 Палестинци, кога вчера отворија оган врз стотици демонстранти собрани на источната граница на појасот Газа , барајќи да се вратат во своите домови во кои живееле пред 1948 година. Четириесетгодишниот Џабр Салем Мустафа беше убиен од огнено оружје додека учествувал во ненасилни протести на источната граница на Кхан Јунеса, на југ од појасот Газа, објави ВАФА.
Дописник на ВАФА соопшти дека израелските снајперисти отвориле оган врз демонстрантите кои се собрале на неколку локации долж границата, при што беа повредени 167 Палестинци, а седум од нив потешко.
Најмалку 48 Палестинци се убиени, додека 8.500 беа ранети од почетокот на протестите од 30 март.
(Vijesti / ФЕНА)









