Австралиската полиција пронашла седуммина мртви, вклучувајќи и четири деца, во градот во регионот на Маргарет Ривер, а на местото на настанот пронајдено е и огнено оружје, објави СНН.

Телата на четворите деца и тројца возрасни лица биле пронајдени во близина на имотот во Осмингтон, во близина на југозападниот дел од Австралија, изјавил на прес-конференција полицискиот командант на западна Австралија Крис Досон.

Тој изјавил дека исто така пронајдено е и огнено оружје на местото на настанот. Притоа ситуацијата ја опишал како ужасна и изјавил дека во овој момент нема информации кои треба да биде загрижена за пошироката јавност за  безбедност во овој поглед.

Злосторствата  од ггненото оружје во Австралија се намали откако се воведени строги контроли како одговор на масовното убиство од 1996 година, кога убиец во Тасманија уби 35 луѓе.

Извор:PCA

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here