Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа за одлуката на САД за повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран.
Ердоган и Путин исто така разговарале и за најновите случувања во Сирија
Според изјавите на кабинетот на турскиот претседател, Ердоган и Путин се согласиле дека одлуката на американската администрација за нуклеарниот договор е “погрешна”.
Двајцата претседатели истакнале дека договорот претставува дипломатски успех што требаше да биде заштитен.
Ердоган и Путин исто така разговарале за најновите случувања во Сирија.
Турскиот претседател упатил честитки до Путин по стапувањето на должност претседател на Русија по четврти пат.









