Иранските сили во Сирија истрелале проектили на израелските воени бази на Голанските висоравнина, предизвикувајќи еден од најсилните одговор кон Израел против Сирија од почетокот на војната во 2011 година, објави Ројтерс. Иранските напади од Сирија врз израелските позиции забележани се за првпат од кога Иран распореди воени сили заедно со шиитските милиции и руските сили кои го поддржуваат претседателот Башар ал Асад.
Сепак, и Израел жестоко возвратил лансирајќи десетици проектили на радарски станици, позиции на против-воздушната одбрана и складишта за оружје, сириските медиуми предупредувајќи на ризик од пошироки ескалации во кои би бил вклучен Иран и регионалните сојузници.
Тензиите во регионот се зголемија откако САД објавија дека ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран. Израел го потврди нападот врз Сирија, наведувајќи дека цивилите на Голанската висоравнина ноќта ја поминале во засолништата.
– Се надевам дека ова поглавје е завршено и дека сите добија порака, изјавил израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.
Израел тврди дека 20 ирански ракети биле истрелани на позиции на Голанската висоравнина. Иран тврди дека станува збор за одмазда за напад во кој пред неколку денови загинале повеќе ирански припадници на безбедносни сили.
(Vijesti / ФЕНА)









