
На автопатот во јужна Полска, се превртела цистерна која превезувала 12 тони течно чоколадо.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=VqToKHmwXsI[/embedyt]
Заради несреќата, двете насоки на автопатот од Познан до Варшава биле затворени, се додека после неколку часа коловозот не бил очистен.
“Патот беше покриен со пет-сантиметарски слој на чоколада кој веднаш започна да се лади после истекувањето. Во еден момент изгледаше како огромна чоколадна табла да лежи на патот “, изјавил полициски службеник.
Возачот на цистерната заради превртувањето на цистерната, ја повредеил раката и бил префрлен во болница.










