Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Европејците ќе сторат сé за Иран и понатаму да го почитува постоечкиот нуклеарен договор, откако иранските власти побараа гаранции бидејќи САД се повлекоа од договорот.

“Ќе го почитуваме договорот и ќе сториме сé Иран да се придржува кон своите обврски”, изјави Меркел, само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се повлече од договорот со Иран, тврдејќи дека Техеран сé уште сака да развие атомска бомба.

Таа додаде дека нуклеарниот договор е столб што Трамп не требаше да го доведува во прашање. Таа нагласила дека Германија ќе продолжи да го почитува договорот, напоменувајќи дека, сепак, можело да се дискутира, како што рече на, “поширок договор”.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се повлекле од нуклеарната спогодба со Иран, напоменувајќи дека повторно ќе воведе санкции кон Иран, кои беа прекинати во 2015 година.

Договорот меѓу Иран и шесте сили (САД, Франција, Кина, Русија, Велика Британија и Германија) ја ограничува иранската програма за збогатување на ураниумот за да не може да се користи за развој на атомското оружје, а за возврат Иран ги олеснува меѓународните санкции, од кои повеќето укината во јануари 2016 година.

Извор: Анадолија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here