Представниците во иранскиот парламент на денешната утринска седница во знак на осуда на американското повлекување од договорот за иранската нуклеарна програма го запалиле американското знаме и текстот од меѓународниот договор, објави агенцијата Анадолу (АА).

Иранската државна телевизија објави дека некои пратеници на седницата извикувале слогани “Смрт за Америка”.

Иранските парламентарци на тој начин изразија лутина поради одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за еднострано повлекување на САД од меѓународен договор за нуклеарното прашање на Иран и враќање на американските санкции кон Техеран.

Претседателот на иранскиот парламент, Али Лариџани, изјави дека Меѓународната агенција за атомска енергија (ИААЕ) мора да биде подготвена да продолжи со спроведувањето на договорот, без оглед на повлекувањето на САД.

“Повлекувањето на САД од договорот покажа дека Доналд Трамп нема интелектуален капацитет за решавање на проблемот”, изјавил Лариџани.

Веднаш по објавата на Трамп минатата ноќ, иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека договорот ќе остане во сила со напорите на останатите пет потписници.

Договорот за нуклеарното прашање на Иран беше потпишан во 2015 година од страна на делегациите на Иран и групата П5 + 1 или делегацијата на пет постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации и Германија.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=rkQVbFo73R4[/embedyt]

Извор:Faktor:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here