62
Израелските сили доцна вечерва со ракети гаѓале цели во близина на Дамаск, објави весникот “Ал Масдар”, само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го објави повлекувањето на САД од нуклеарниот договор на Иран. Агенцијата САНА соопшти дека Сириските системи за воздушна одбрана успеале да пресретнат најмалку два проектили во областа Касва, во близина на јужниот дел на Дамаск.
Извори во сириската армија потврдија дека нападите биле иницирани од Израел, објави Спутник.
Според непотврдени извештаи, израелските авиони започнале со гаѓање на Дамаск набрзо после обраќањето на Трамп во јавноста по повлекувањето од нуклеарниот договор со Иран.
Извор:(Vijesti / SRNA)