Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на САД од нуклеарната спогодба со Иран, изјави дека по ова прашање Европската унија ќе дејствува единствено.

– Европската унија ќе дејствува единствено против политиката на американскиот претседател Доналд Трамп за нуклеарна договор со Иран и трговијата – потврдил тој во пораката за социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, велејќи дека тоа ќе ги врати санкциите кон Иран кои беа суспендирани во 2015 година.

Договорот меѓу Иран и шесте сили (САД, Франција, Кина, Русија, Велика Британија и Германија) ја ограничува иранската програма за збогатување на ураниумот за да не може да се користи за развој на атомското оружје, а за возврат на Иран и` се  олеснуваат меѓународните санкции, од кои повеќето беа укинати во јануари 2016 година.

Извор:фактор

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here