Чувствувам колосална одговорност, при полагање на заклетва за својот четврти мандат на чело на Русија, Владимир Путин, пред избраните гости во големата сала во Кремљ, пренесе Ројтерс. Тој се заложи за зачувување на правата и слободите и за рускиот суверенитет.
Тој посочи дека Русија ќе се покаже како моќен играч на светската сцена во наредните шест години, со моќна армија и мерки за подобрување на животот на своите граѓани.
Меѓу многуте гости беше и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.
Извор:(Vijesti / ФЕНА)









