Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган денеска во Анкара со највисоки државни почести го прими српскиот претседател Александар Вучиќ.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7GaXwhxYDHI[/embedyt]![]()
Свечениот прием уприличен е на платото пред Претседателската палата во Анкара, а, Вучиќ турските гардисти ги поздрави со поздравот “Мерхаба аскер“.
По официјалниот прием, Ердоган и Вучиќ започнаа билатерален состанок, по што следеше седница на Советот за соработка и потпишување билатерални договори.
Претседателите на новинарите заеднички ќе им се обратат после состаноците.
Ердоган, вечерва ќе организира вечера за Вучиќ и српската делегација.
Вучиќ пристигна синоќа во дводневна посета на Турција, кога на Истанбулскиот аерродром беше пречекан од турскиот претседател Ердоган.









