Српскиот претседател Александар Вучиќ допатувал денес попладне во Истанбул, каде ја започна дводневната посета на Турција. На аеродромот, со воени почести, тој беше пречекан од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, на чија покана Вучиќ престојува во оваа земја.

ФОТО: Кабинетот на претседателот на Република Србија

Српската делегација била придружувана од министрите Небојша Стефановиќ, Зорана Михајловиќ, Александар Антиќ, Расим Љајиќ и Бранислав Недимовиќ, како и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја започна својата посета на Турција во Истанбул, каде што го отвори Бизнис-форумот со својот турски колега Ердоган, во организација на Комитетот за надворешни економски односи на Турција.

Турскиот претседател изјави дека има силна волја за подобрување на билатералните односи на неговата земја со Србија во секое поле на соработка.

– Србија е пријателска земја за нас. Таа е клучна земја за мир и стабилност на Балканот. Во двете наши земји постои силна волја за промовирање на билатералните односи во секоја област на соработка – рекол Ердоган во своето обраќање на Бизнис-форумот меѓу Турција и Србија.

Турскиот претседател минатата година изјави дека обемот на трговијата меѓу Турција и Србија надминал една милијарда долари, со цел зголемување на обемот на трговија на два, а потоа на 3 милијарди долари.

Како е најавено од канцеларијата на српскиот претседател на вториот ден од неговата посета, Вучиќ ќе остане во Анкара, каде што по свечениот дочек ќе има одделни билатерални средби со турскиот претседател Ердоган, како и со Исмаил Кахраман, претседателот на Големото национално собрание на Република Турција.

Претседателите Вучиќ и Ердоган ќе ја предводат делегацијата на двете земји на пленарната средба и ќе присуствуваат на потпишувањето на билатералните договори.

За време на посетата на Анкара, Вучиќ ќе го посети Аниткабир – Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, каде што ќе положи венец и ќе го посети музејскиот дел од комплексот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here