На улиците во Париз, две илјади полицајци се распоредени како би го обезбедувале масовниот протест против реформите на претседателот Емануел Макрон.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=7FukjJs-n6M[/embedyt]

Активистите повикуваат на мир, а властите ветија дека ќе избегнат повторување на насилството и штетата, кои беа обележани како протестите за Меѓународниот ден на трудот во Париз, објави АП.

Шефот на полицијата на Париз, Мишел Делпиер, објави дека околу две илјади полицајци ќе се грижат за безбедноста на граѓаните.

На прес-конференција тој изјавил дека постои голема можност дека насилните поединци ќе се обидат да предизвикаат нарушувања.

Организаторите на денешниот марш, екстремната левичарска партија, Непокорна  Франција, ги предупредиле редарите да се држат подалеку пренесува,Танјуг.

Оваа партија е лута и незадоволна од реформите на Макрон, како што е укинувањето на некои привилегии за работниците и зајакнувањето на полициските овластувања.

Судски претставник денеска изјави дека седум лица се обвинети за немири на 1 мај, кога демонстрантите запалија автомобили и го уништија ресторанот на Мекдоналдс и други продавници.

За тогашното насилство, властите ги обвинија маскирани анархисти, кои го нарушија мирниот марш на работници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here