Во главниот град на Индонезија, Џакарта, денес на протестите по повод 1 мај, Меѓународен празник на трудот, се собраа околу 60.000 работници кои бараа зголемување на платите.

Во светот денес на раслични начини се обележува 1.мај, Маѓународниот празник на трудот, а најчесто се оддржуваат протести со барања за подобрување на условите за работа и подобра заштита на работничката класа, пренесува АА.

На протестите во Џакарта, им се приклучиле и жителите на другите градови, вклучувајќи ги и Богор и Бекаши.

Претседателот на Синдикатите во Индонезија Саид Ибал, изјавил, дека работниците од власта бараат зголемување на платите, намалување на цените на оризот, гасот и електричната енергија и да го прекинат увозот на неквалификувана работна сила од некои земји, вклучувајќи ја и Кина.

Полицијата презема високи безбедносни мерки, а некои од главните градски улици во Џакарта привремено се затворени поради сообраќајниот метеж поради протестот.

Извор:faktor/АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here