Најмалку 25 луѓе се убиени а 45 се повредени во двоен самоубиствен бомбашки напад во престолнината на Авганистан, изјавил портпаролот на шефот на полицијата на Кабул, Хашмат Станекзај. Меѓу убиени се и двајца новинари – фоторепортер на АФП и камерман на локалната телевизија „Толо“, како и четворица полицајци.
Според информациите, првиот бомбаш бил на мотор, додека другиот бил меѓу новинарите кои се собрале на местото на првиот напад.









