Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, останал без пристап до својот профил на Твитер.![]()
Твитер профилот на Хан кој го следат повеќе од 53.000 корисници на ова социјална мрежа бил хакиран од страна на Аyyldız Тимот, како што и тие самите објавија, и очигледно е дека станува збор за турски хакери. Тие, исто така, наведоа дека Хан, покрај прилагодувањето или бришењето на содржината што ја објавија, исто така, му ја одзеле и можноста да стори нешто во моментов на неговиот профил, вклучувајќи испраќање директни пораки (DM) на неговата сметка на Твитер.
Во еден момент, комесарот Хан успеал да објави твит, наведувајќи дека неговиот профил бил хакиран, како и сите други поврзани со него, и се обидуват да го “доведат во работа”.![]()
Првиот твит кој го објавија хакерите од профилот на Хан во раните утрински часови во саботата во саботата беше поврзан со престојните избори во Турција. Хакерите во името на Хан му посакале успех на изборите на 24-ти јуни на Народната алијанса (Cumhur İttifakı) која ја сочинуваат АКП и МХП. Твитот бил објавен со заедничка фотографија на Реџеп Тајип Ердоган, турскиот претседател и лидер на АКП, и Девлет Бачели, претседател на Турската национална партија (МХП).![]()
После ова уследиле низа на твитови во кои Хан “дава поддршка” за Турција. Хакерите на неговиот профил го поставиле турско знаме и серија други пораки.
Хакерите, најверојатно, биле изреволтирани од пораките кои европските представници речиси ги испраќаат за Турција и нејзиниот лидер Ердоган. Имено, како што е познато, Турција започна официјално пристапување во Европската унија (тогаш Европската заедница) на 14 април 1987 година.
– Турскииот народ е преуморен од преговорите за членство на Турција во ЕУ. Можеби ќе бидеме принудени да преземеме одредени чекори, бидејќи Анкара нема постојано да бара од Турција да влезе во Европската унија – е една од изјавите на Ердоган од пред неколку месеци.










