Стотици палестински демонстранти ја пробиле источната граница меѓу Појасот Газа и Израел, јави агенцијата Анадолу (АА).![]()
Палестинските момчиња ја пробиле границата додека израелските сили возвратиле со жесток оган проследен со истрели.
Потсетуваме, вчера рано утро започна собирањето на Палестинците на масовните демонстрации наречени “Големиот марш за враќање” на границата на појасот Газа и Израел.
И покрај израелските закани, Палестинците продолжуваат со мирни демонстрации за да ги потенцираат проблемите со кои се соочуваат. Палестинците џума намаз (молитва на муслиманите во петок) извршија во близина на границата, после што започнаа масовните демонстрации.
Илјадници Палестинци на границата во Газа пети петок по ред мирно протестираа и го одбележуваат Денот на Земјата за да се потсетат на 30 март 1976 година, кога Израел од нив им одзеде илјадници хектари земјиште.
За време на протестите, досега се убиени 39 Палестинци, а повеќе од 3.500 беа повредени. Протестите се планираат да продолжат до средината на мај.
Денот на Земјата во Палестина се обележува од 1976 година и на некој начин го симболизира отпорот на Палестинците за да ја врати својата земја, посочувајќи ја одговорноста на меѓународната заедница за заштита на правата на палестинскиот народ, воспоставувањето независна палестинска држава и враќањето на палестинските бегалци во татковината.![]()
![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:Faktor/Анадолија









