Муслиманки, кои преку своите хиџаби ставија еврејски капчиња, им се придружиле на Германците од различни вери на протестот против неодамнешниот антисемитски напад во Берлин.

Кипа или јермолика представува мало капче кое Евреите го носат за време на молитвата, за учење Тора и, генерално, во синагога, а традиционалните Евреи го носат во текот на целиот денот.

“Кипа на маршот“ во Германија беше организиран по нападот врз две момчиња облечени во еврејски капи во Берлин.

Тоа беше  најнов во низата на антисемитски инциденти, по што многу Евреи се прашуваат колку се длабоко безбедни во земјата каде што за време на Холокаустот биле убиени шест милиони Евреи.

Во Берлин, потоа, повеќе од 2.000 луѓе, вклучувајќи ги и Евреите, христијаните, муслиманите и атеистите, во знак на солидарност ставија еврејски капчиња (јермолики).

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here