После земјотресот со интензитет од 5,1 степени po Рихтер, кој утринава ја погоди областа Самсат во југоисточната турска провинција Адијаман утрово, од неговите последици хоспитализирани се вкупно 35 лица, потврдил министерот за здравство на Турција Ахмет, пренесува Агенцијата Анадолу (АА).

– После земјотресот, 35 лица биле хоспитализирани во болница. Немам животно загрозени – изјавил министерот Демирачан.

Канцеларијата за вонредни ситуации на турската влада (АФАД) претходно изјави дека земјотресот бил регистриран во 3.34 часот по локално време во областа Самсат и дека епицентарот на земјотресот бил регистриран на длабочина од седум километри

Гувернерот на Адијаман, Наруллах Начи Калканчи потврди дека во текот на земјотресот биле оштетени бројни стамбени објекти и дека службите почнале да ги поправаат штетите.

Граѓаните на соседните провинции Шанлиурфа, Газијантеп и Дијарбакир го почувствувале земјотрес во утринските часови.

– Повеќе објекти се оштетени. Спасувачките тимови се на теренот и во следните неколку часови ќе имаме попрецизна слика за последиците од земјотресот – изјавил Сезик.

После овој земјотрес, во тој дел на Турција имало повеќе од 40 благи, дополнителни потреси на тлото во овој дел на Турција, меѓу еден и 3,6 степени, по Рихтер.

Извот:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here