Палестинското движење Хамас го осуди убиството на палестинскиот научник, и свој член, Фади ал-Батша, кој беше убиен во Малезија.

Тие изразија големо жалење поради смртта на научниците кои, како што рекле, направиле важен придонес во областа на науката.

Хамас истакна дека бил убиен додека заминувал на сабах-намаз, утринска молитва на муслиманите. Семејството за убиство на Батша ја обвини израелската разузнавачка служба Мосад.

Тие, исто така, ги повикаа малезиските власти да ги испитаат и да ги откријат сторителите на нападот што е можно поскоро. Палестинскиот научник Батша, (35), работел на еден приватен универзитет во Куала Лумпур. Тој беше убиен рано утро додека заминувал на џамијата на утринска молитва. На него пукале две неидентификувани лица на мотоцикл.

Роден е во бегалски камп на север од појасот Газа. Оженет татко на три деца дипломирал во 2009 година на Исламскиот универзитет во Газа.

Извор:(trt.net.tr)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here