Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес изјави дека на 24-ти јуни во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори, објави агенцијата Анадолу (АА).

 

Турскиот претседател и претседател на владејачката Партија за правда и развој (АКП), Ердоган, денеска се состана во Анкара со лидерот на опозицијата Партијата на националното движење, Девлет Бахчели, кој вчера повика на одржување предвремени избори во Турција на 26-ти август оваа година.

Ердоган потоа се обратил до новинарите и позитивно го отцени  предлогот на Бахчели за одржување на предвремени избори.

Потсетувајќи дека АК Парти претходно постигнала договор со МХП за да излезат на избори како Народна алијанса, Ердоган истакнал дека по денешните консултации била донесена одлука за свикување предвремени избори за 24-ти јуни.

– Го започнуваме законскиот процес, а Врховната изборна комисија веднаш ги започнува подготовките за изборите. Го молам Бог оваа одлука да донесе добро за нашата татковина, за луѓето и за нашите политички партии – рекол Ердоган.

Регуларните избори во Турција беа планирани за ноември следната година и се важни, бидејќи минатогодишниот референдум ја одобри одлуката за премин од парламентарен во претседателски систем на владеење во таа земја.

Ердоган денеска изјави дека спречувањето на обидот за воен удар на 15 јули 2016 година претставува пресвртница во новата политичка ера. Тој додаде дека турскиот народ  со едномесечните дежурства за  демократија покажа силна воља  да го одбрани суверенитетот и слободата, а со повеќе милионскиот митинг на 7 август 2016 година и испрати силна порака до политичарите.

– Потоа, на 16 април минатата година, референдумот ја отвори можноста за премин кон претседателскиот систем во земјата, каде што беше обезбедена поддршка од страна на Бахчели. Според тоа, измените на Уставот кои се однесуваат на преминот кон претседателскиот систем ќе стапат во сила по следните избори – истакнал Ердоган.

Турскиот претседател рече дека од минатогодишниот референдум во Турција, на сила и понатаму е парламентарен систем,кој може да создаде проблеми за кои АК партијата зборуваше откако дојде на власт.

– Сепак, нашиот избор беше да ги притиснеме нашите заби до ноември следната година и соодветно да ги пополниме дадените ветувања. Сепак, со оглед на прекуграничните операции што се случуваат на територијата на Сирија, како и сите настани во Сирија и Ирак од историска важност, потребно е Турција да се ослободи од сите неизвесности што е можно поскоро “, истакнал Ердоган, додавајќи дека потребата за што е можно побрзо промени во системот за управување.

Извор: Фактор/АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here