Калифа Хафтар, командант на Либиската народна армија, починал во Париз, јавува “Спутник”, а според извори од Триполи. Веста беше потврдена и од страна на арапските информативни агенции.
“Веста за смртта на генералот пристигна”, изјавил портпаролот на агенцијата, иако либискиот народен претседател Ахмад ал-Мисмари порано ги негираше овие информации тврдејќи дека генералот е во ред и дека јавноста наскоро ќе има можност да се увери.
Потсетуваме дека во средата западните медиуми објавија дека генералот бил пренесен во Франција преку Јордан и откако имал мозочен удар. Многу од неговите роднини ги негираа тие информации, тврдејќи дека генералот во моментов е во Јордан, и дека таму води политички преговори.
Кој беше генералот Калифа Хафтар
Калифа Хафтар беше генерал на Муамер Гадафи до 1987 година кога и беше заробен од Чад. Една година подоцна, тој учествуваше во крвавиот бунт против Гадафи и се преселил во Вирџинија-САД, со повремени патувања назад во Либија, каде што учествувал во серија неуспешни обиди за падот на власта во Триполи.
Кога НАТО помогна во соборувањето на Гадафи и неговата влада во 2011 година, генералот Хафтар здогледал шансата за негово големо враќање. Иако кратко бил на должност на командант на бунтовничките либиски сили, на инсистирање на Катар беше заменет со радикални команданти на одредени фракции лојални на Муслиманското братство. Тој е ослободен од сите должности и привремено се враќа во Америка, но се враќа во Либија во 2014 година, кога објавува војна со сите про-исламски организации, свртувајќи грб на владетелите во Триполи и САД, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство, кои ја подржуваат Владата на национално единство “, предводена од Фајез ал-Саррај и на чија покана во Либија американската војска спровела ограничена интервенција.










