Турскиот хеликоптер летал ниско над грчкиот остров Ро, западно од островот Кастелорико, објавија грчките медиуми.
Грчката телевизија “Скај” тврди дека грчката војска испалила предупредувачки истрели.
Не е јасно дали во инцидентот, кој наводно се случил во понеделникот околу 11.30 часот, учествувал хеликоптер што припаѓал на турската армија или цивилен авион .
Екитимерини објави дека два турски борбени авиони вчера влегле во воздушниот простор во Атина, игнорирајќи го неформалниот мораториум на воените дејства меѓу Грција и Турција за време на најголемите верски празници.
Станува збор за два турски Ф-16 авиони, кои летале над островите во североисточното Егејско Море, каде присуствувал по повод Велигден грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос.
#Greece' forces fire warning shots at #Turkey's helicopter on low flight over Ro island https://t.co/2tHmLMW6Qw pic.twitter.com/qExABbt7cY
— Keep Talking Greece (@keeptalkingGR) April 10, 2018
Извор:cdm










