Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху отворено се закани дека мета на израелските напади во Газа ќе бидат сé што израелските сили го препознаваат како закана, објави агенцијата Анадолу (АА).
– Нашиот приоритет е јасен. На никого од Газа нема да му дозволиме да ни наштети -се вели во соопштението на Канцеларијата на Нетанјаху.
Во раните утрински часови, израелските воздушни сили извршија напад во северниот дел на Газа. Наводно, повод за нападот било рачно изработена експлозивна направа пронајдена од страна на израелски војници на границата меѓу Израел и блокираната палестинска енклава.
Од Хамас, палестинско движење кој ја контролира Газа, тврдат дека со овие напади Израел се обидуваат да привлечат внимание од јавноста и да ги сокријат злосторствата кои ги прават над цивилите кои протестираат на границата.
Илјадници Палестинци на 30.март на границата со Газа го започнаа мирниот “ Марш за големо враќање“ кој со различни манифестации ќе трае шест недели.
Во изминатите денови, израелските сили убија најмалку 32 демонстранти, што беше остро осудено од многу земји, како и Обединетите нации и Европската унија, која започна независна истрага.
Израел, исто така, се соочува со жестока критика и од организациите за човекови права, вклучувајќи ги и израелските организации кои се спротивставуваат на употребата на муниција против демонстрантите.
Извор:faktor









