Во нападот на воздухопловната база Т4, на сириското воздухопловство во сириската провинција Хомс загинале 14 лица, објави сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
Според директорот на ова набљудувачко тело, Рами Абдурахман, повеќето од загинатите во нападот врз воздухопловната база биле Иранци или членови на групи кои ги поддржува Иран, објави АП.
Како тврди агенцијата, во прашање е “многу веројатно американска агресија”, меѓутоа, претставници на Пентагон изјавија дека САД не извршиле воздушни напади врз Сирија.
Руското Министерство за одбрана денеска објави дека два израелски авиони ја бомбардирале сириската база на воздухопловни сили “Т-4” во провинцијата Хомс. Во соопштението се наведува дека нападите биле извршени од воздушниот простор на Либан.
VIDEO: Unverified footage purporting to show projectiles in skies over Lebanon – @Tontonaoun1pic.twitter.com/11JkxJBX4N
— Conflict News (@Conflicts) April 9, 2018
Во февруари израелските сили извршија воздушни напади во регионот, меѓутоа нивниот портпарол одбил да коментира дали овој пат Израел стои зад нападот.
Локалните медиуми објавија дека еден израелски шпионски авион бил забележан во областа. Во меѓувреме, социјалните мрежи покажаа непотврдени снимки кои, наводно, ги покажуваат проектилите го прелетуваат Либан на пат кон Сирија.
Нападот врз базата во провинцијата Хом е извршена после наводниот напад со хемиско оружје во саботата во градот Думу во источна Гута, контролиран од бунтовници, објави АП. Во тоја напад загинаа најмалку 40 лица.
Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди хемискиот напад во Сирија и изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати “висока цена” за тоа.
Трамп додал дека “во безумениот хемиски напад” има многу мртви, вклучувајќи ги и жените и децата, објави Ројтерс. Тој, исто така, преку Твитер го обвини и рускиот претседател Владимир Путин, како и Иран за поддршка, нарекивајќи го, “животното на Асад”.
Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија дека хемиското оружје е искористено во источниот дел на Гута на 7 април и дека ќе работат заедно за да утврдат кој е одговорен за неговата употреба, објави канцеларијата на францускиот претседател.
Терористи ја нападнаале и сириската армија во пустина
Терористите на “Исламската држава” извршија напад на позициите на силите на сириската влада во сириската пустина по нападот на воениот аеродром Т-4, објавија локалните медиуми. Телевизијата “Ел Мајадин” објави дека нападот бил спречен во областа Себа-Биар. Засега нема податоци за жртвите во редовите на армијата, објави ТАСС.
Извор:cdm










