Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, со највисоки државни почести во Анкара денеска, го пречека рускиот претседател Владимир Путин. Ердоган го пречека Путин на влезот во претседателската палата, а потоа беа интонирани двете химни.
![]()
По пристигнувањето пред претседателската палата, Путин ги поздрави војниците во почесната стража со зборовите “мерхаба аскер” (поздрави војници).
По заедничкото фотографирање пред претседателската палата, Ердоган и Путин присуствуваа на видео-конференција за поставување на камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.
Ердоган рече дека денес е сведок на историски момент во контекст на развојот на земјата, како и енергетска соработка со Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека турската нуклеарна централа Аккују ќе биде безбедна и еколошка.
После тоа, се планира билатерален состанок, а потоа Ердоган и Путин ќе претседаваат со седмиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија.
По состанокот е планирано потпишување на договорот, проследено со заедничка прес-конференција, по што следи вечера во чест на рускиот претседател Путин.
Путин, исто така, ќе присуствува на трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран за време на претстојниот ден во Анкара, а тема на самитот е Сирија.![]()
![]()
![]()
![]()
Извор:(Vijesti / AA)








