Владимир Путин во Анкара дочекан со највисоки државни почести, и со Мерхаба Аскер ја поздрави Турската војска

by Administrator

Претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Ердоган, со највисоки државни почести во Анкара денеска, го прими рускиот претседател Владимир Путин, јави агенцијата Анадолу (АА).

ФОТО: АА

Ердоган го пречекал на Путин на влезот во претседателската палата, а потоа беа биле интонирани двете државни химни.

По пристигнувањето пред претседателската палата, Путин ги поздрави војниците во почесната стража со зборовите “мерхаба аскер” (поздрав војници).

По заедничката фотографија пред претседателската палата, Ердоган и Путин ќе присуствуваат на видео-конференцијата за поставување на камен-темелник за изградба на првата турска нуклеарна централа Аккују.

После тоа, се планира билатерален состанок, а потоа Ердоган и Путин ќе претседаваат со седмиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија. По состанокот е планирано потпишување на договорот, проследено со заедничка прес-конференција, по што следи вечера во чест на рускиот претседател Путин.

Путин, исто така, ќе присуствува на трилатералниот самит на Турција, Русија и Иран за време на претстојниот ден во Анкара, а тема на самитот е Сирија.

Извор: Анадолија

You may also like

Leave a Comment