РАМАЛА (АА) – Палестинците со Ден на жалост и генерален штрајк ја одбележуваат смртта на своите 15 сонародници кои вчера беа убиени во израелска престрелка, за време на протестите со кои барале враќање на бегалците во нивните домови, пренесува Anadolu Agency (AA).
Продавниците низ Западниот Брег, кој е под окупација на Израел се затворени, училиштата и факултетите ја запреа својата настава, а поголемиот дел од претпријатијата стапија во генерален штрајк.
Најмалку 15 Палестинци од Појасот Газа се убиени, а околу 1.400 се повредени кога израелските сили отворија оган врз демонстрантите кои го одбележувале „Денот на Земјата“, кој претставува симбол на отпор на израелската окупација.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денес прогласи Ден на жалост поради вчерашниот израелски масакр.
„Палестинските фракции се отповикаа на одлуката на претседателот да прогласи Ден на жалост за жртвите од израелскиот масакр. Националните и исламските сили прогласија генерален штрајк на сите палестински подрачја и повикаа на демонстрации против израелскиот масакр на нашиот народ во Појасот Газа“, изјави Вејсел Абу Јусуф, членот на Извршниот одбор на Палестинската ослободувачка организација (PLO) за АА.
Вчерашните собири беа почеток на шестнеделните кои ќе кулминираат на 15 мај, кога Палестинците го одбележуваат „Nakbu“ („Катастрофа“), денот кога е основан Израел.
Демонстрантите бараат на палестинските бегалци да им се дозволи право на враќање во градовите и селата од кои нивните семејства побегнаа или се протерани во време кога е создаден Израел во 1948 година.









