Римокатоличкиот поглавар папата Франјо по повод католичкиот Велики четврток служел миса во затвор каде што на 12-ет затвореници им ги измил нозете.
Меѓу затворениците на римскиот затвор, Реџина Коели биле и двајца муслимани, еден православен и еден будист.
“Секој има можност да го промени својот живот и да не биде жртва на осуда”, истакнал папата.ил Еухаристијата во текот на последната вечер.
Според христијанската традиција, на Велики четврток, се обновува споменот на денот кога Исус им ги миел нозете на апостолите и ја установил Еухаристијата во текот на последната вечер.
Тоа е еден од главните моменти на светата недела со која се обновува сеќавањето на последните денови на Исус Христос.
“За мене, проповедта на Црквата е посета на болните, да заминам во затвор, давајќи му на затвореникот надеж за вклучување,”, објаснил папата Френсис во неодамна објавена книга на разговори.
Папата и за време на неговите патувања во странство редовно посетува затвори.









