Кога во понеделникот во Пекинг пристигна темнозелен воз, се појавиле гласини дека во некои случаи во тој воз се наоѓа лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=_aE1FV9htEQ[/embedyt]

Овие гласини на крајот се покажаа како вистинити и фотографиите го поплавија светот. На нив доказ дека Ким е во својата прва посета на друга земја од 2011 година кога дојде на власт.

Ким Јонг Ун во Кина на средба со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг пристигнал со оклопен воз.

Возот, кој се покажало дека е истиот што го користеле таткото и дедото на Ким, застанал прво во кинескиот Дандонг, кој се наѓа на околу 840 километри од Пекинг. Токму тука се каќила првата група на кинески официјални лица.

Покрај Ким и неговата сопруга, делегацијата на Северна Кореја, ја сочинувале лидерите на Севернокорејската работничка партија.

Според извештаите на СНН од 2009 година, возот со кој патувал тогаш Ким Џонг Ил имал 90 вагони и бил толку оклопен што патувал со просечна брзина од околу 60 километри на час.

Во возот има конференциска сала, соба за публика, спални, како и телефони за сетелистка мрежа.

Во прилогот кој го објави Си-Ен-Ен прикажани се светските лидери како што се Доналд Трамп, Владимир Путин и Сиа Џинпинг, кои за време на нивните официјални посети во други земји патуваат со авион, а потоа и со лидерот на Северна Кореја, кој се одлучил за нешто поинаков начин.

Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here