Актуелниот претседател на Египет, Абдел-Фатах ал-Сиси, според прелиминарните резултати, убедливо води египетските претседателски избори, објави државниот весник Ахбар ал Џум.
Ал Ахрам пренесува дека Сиси освоил 92 отсто од гласовите и дека 23 милиони Египќани гласале за него.
Неговата победа за вториот претседателски мандат е извесна бидејќи против-кандидатите или биле уапсени или заплашувани.
Единствениот противкандидат, кој бил воведен пред заклучување на листата на кандидати малку познатиот политичар Муса Мустафа Муса инаку симпатизер на Сиси добил 721.000 гласови, пишува весникот.
Според критичарите, Муса е вклучен со што изборите би добиле на демократски изглед.
Во Египет право на глас имаат 60 милиони луѓе, а некои гласачи признале дека биле платени за гласање или добиле стимулации во друга форма.
Конечните резултати се очекуваат во понеделник.
Извор: РСА/Фото:ББС








