Гласачите во Египет тврдат дека добивале пари, храна и други начини на подтикнување за да излезат на претседателските избори со што претседателот Абдел Фаттах ал-Сиси би добил голема одзив и со тоа легитимизира својата претходно обезбедена победа, објави Ројтерс.Гласањето денеска влезе на третиот и последниот ден. Изборната комисија тврди дека изборите се фер и слободни.

Сиси ја презеде власта преку воен пуч 2013 година, а вториот мандат ќе го добие без вистински противкандидат, со оглед дека едниот е затворен, а другиот се откажал после заканување. Во првите два дена гласале околу 47 отсто од избирачите.

Властите денес се обидуваат на секој начин да го зголемат одзивот.

“Претходно никогаш немав гласано.И овој пат не сакав, меѓутоа ми рекоа дека ако го покажем прстот обоени со мастило, ќе добијам 50 пунти и гласав,” изјавила една Египќанка.

Другите рекоа дека добивале кеси со прехранбени продукти доколку излезат на гласање.

Извор:(Vijesti / ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here