Тел Авив: Судар на два патнички авиони, сé поминало без жртви

by Administrator

Авион на германскиот превозник Germania се судрил денес, пред да полета, со авион на израелската компанија “Ел ал”, на пистата на меѓународниот аеродром “Бен-Гурион” во Тел Авив.

Во инцидентот никој не е повреден, патниците безбедно ги напуштиле авионите, објавија аеродромските официјални лица, пренесува порталот Блиц.рс.

Отворена е истрага, а авионите ќе останат надвор од употреба додека не завршат. Се проценува дека штетата на авионите повеќемилионска.

Израелскиот авион требаше да лета за Рим, а германскиот за Берлин.

Извор:Faktor

You may also like

Leave a Comment