Министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Ерјавец, изјави дека владата, која треба да расправа за случајот со нападот со нервен отров на поранешниот руски агент Сергеј Скрипљ во англискиот град Солзбури, нема да предложи употреба на дипломатски мерки на солидарност со Велика Британија.Хина потсетува дека Словенија е една осумте членки на Европската унија, кои не одлучија за дипломатски мерки, со кои би изразиле солидарност со Лондон.
“Засега мислам дека најпрво треба да се разјасни што се случило во Солзбери, станува збор за многу неразјасен и бизарен случај,” Ерјавец изјавил пред новинарите пред редовниот состанок на коалиција, која го одредува дневниот ред за одржување на редовната седница на владата.
Потсетуваме дека Ерјавец на почетокот на оваа недела изјави дека Словенија засега не размислува за дипломатски санкции, односно симболично откажување на гостопримство на еден руски дипломат од амбасадата на Русија во Љубљана, како и дека меѓународна истрага треба да утврди што се случило во Солсзбери.
Се наведува дека Ерјавец денеска изјавил дека тој лично не гледа причина за таква постапка и дека нема да предложи, но за тоа ќе биде водена расправа, и треба да се види што ќе биде завршено после тоа.
Извор:(Vijesti)









