АНКАРА (АА) – Заменик премиерот и портпарол на Владата на Турција турски Бекир Боздаг изјави дека Турција нема намера да донесе одлука за протерување на руските дипломати, објави агенцијата Анадолу (АА).

“Односите меѓу Турција и Русија се позитивни и многу добри. Во оваа смисла, Турција не планира да донесе никаква одлука против Русија”, изјавил Боздаг по состанокот на турската влада во Анкара.

Соединетите Држави (САД) и 14 земји-членки на ЕУ одлучија да ги протераат руските дипломати по труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Обединетото Кралство. Досега, најмалку 43 руски дипломати биле протерани низ цела Европа.

– Операција “Маслинова гранка”

Во изјавата за новинарите, Боздаг истакна дека 3.755 терористи беа неутрализирани од почетокот на операцијата “Маслинова гранка“. “Турските сили и Слободната сириска армија под контролира ставија 332 локации, вклучувајќи 282 села и 50 стратешки точки”, изјавил Боздаг.

Тој додаде дека акцијата на турските сили во Африн сé уште не е завршена, подвлекувајќи дека цивилите не биле жртви во операцијата “Маслинова гранка”.

Тој, исто така, нагласи дека во овој момент е важно споменатата област да биде исчистена од мини и експлозивни направи.

Тој истакна дека турските организации, како што се Турската Црвена полумесечина, Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) и Фондацијата Дијанет, обезбедуваат хуманитарна помош за жителите на оваа област.

Исто така, се осврна и на Самитот на лидерите на Турција и на Европската унија (ЕУ) во Варна, Бугарија, изразувајќи надеж дека на самитот ќе биде отворена нова врата за соработка меѓу двете страни.

“Се надеваме дека на самитот ќе биде отворена нова врата и дека нашите односи ќе бидат интензивирани”, рече Боздаг.

Тој истакна дека Турција се противи на усвојување на нови услови за да стане полноправна членка на ЕУ.

Извор:АА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here