Избирачките места во сите египетски покраини се отворија утринава во девет часот по локално време, а гласачите ќе можат да гласаат во следните три дена.

Во изборната трка за претседател на Египет, ќе се натпреваруваат два кандидати, актуелниот претседател Абдел Фаттах ал-Сиси и претседателот на Партијата на утре Муса Мустафа Муса.

Речиси 60 милиони гласачи во Египет и дијаспората имаат право на глас, а вкупно 13.687 избирачки места се отворени низ Египет утрово.

Во изборниот процес, биле ангажирани 103.000 офицери, а процесот го следат 18.678 судски службеници. Изборите во Египет следат девет странски организации и 680 акредитирани странски новинари. Опозициските партии и групи, вклучувајќи го и Муслиманското братство (Ихван), речиси ги бојкотираа изборите.

Претседателскиот кандидат Муса, единствен е противкандидат на актуелниот претседател на Ал-Сиси, во опозициските кругови познати како ирелевантни политичари инсталирани од страна на владејачката египетска структура, со цел да се создаде впечаток за конкуренција во изборниот процес.

Аналитичарите предвидуваат дека Ал-Сиси ќе ја прослави победата во првиот круг со големо мнозинство гласови. Египетската дијаспора гласаше минатата недела, а одѕивот беше под очекувањата. Резултатите од изборите ќе бидат познати на 2 април.

Извор:Faktor/фото:Анадолија

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here