31
РИЈАД: Саудиската воздушна одбрана доцна вечерва пресретна балистички проектил чија цел бил главниот град Ријад. Официјално воени извори потврдија дека балистичкиот проектил бил лансиран од страна на шиитската милиција Хути од пограничниот дел на Јемен, а подржани од Иран.
Сведоци известија за силни експлозии и светла и татнежи на небото, за среќа во инцидентот нема жртви, пренесе информативниот саудиски државен канал Ел Ехбарија.
Од ноември, милитантите Хути, помогнати од Иран, истралиле повеќе проектили кон Саудиска Арабија, од кои сите саудиските сили успешно ги пресретнале без да предизвикаат штета на животите или имотите.
Извор: