Најмалку едно лице загинало, а осум се ранети во напад на шиитска џамија во местото Херат, пренесоа представници, а јавува Ројтерс.

Терористичката организација ИСИЛ ја презеде одговорноста за нападот, откако истата група го нападна Кабул минатата недела, кога цел беше прославата на персиската нова година Невруз. Во тој напад загинаа 3о лица.

Заменик-началникот на полицијата, Аминулах Амин, изјавил дека двајца напаѓачи се обиделе да влезат во џамијата, но тие биле запрени од страна на чуварите и отвориле оган.

Еден од нив го погодиле, додека другиот успеал да го активира експлозивот што го носел на себе. Засега, смртта на едно лице е потврдена, ама билансот сé уште не е конечен. Херат е еден од најразвиените градови во Авганистан, а досега нападите не биле толку чести како во другите градови на оваа земја.

Извор:(Vijesti/ ФЕНА)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here