Илјадници африкански баратели на азил и нивните локални поддржувачи протестираат против израелскиот план за депортација.
Израелската влада објави дека мигрантите мора да ја напуштат земјата и да заминат на која било африканска дестинација во замена за 3500 долари и авионски билет или ќе бидат затворени на неодредено време.
Африканците, повеќето од нив од Еритреја и воено разурнатиот Судан, велат дека се чувствуваат голема благодарност спрема Израел, но во исто време страв од протерување.
Израел смета дека огромното мнозинство од речиси 40.000 имигранти бараат работа и тврди дека немаат законска обврска да ги задржат. Критичарите владиниот план го нарекоа неетички и флека на имиџот на Израел како прибежиште за еврејските бегалци.
Според организаторот, пред Градското собрание во Тел Авив биле собрани околу 15.000.
Извор:globalcir









