Во рација на израелски војници на средно училиште повредени два палестински ученици

by Administrator

Во рација на израелски војници во средно училиште во Наблус на Западниот Брег, повредени се два палестински улченици објави Агенцијата Анадолу (АА).

Хитам ен-Неџар од Наблус, истакнува дека израелските војници упаднале во училиштето со група еврејски доселеници. Војниците, се напоменува користеле не-боева муниција и солзавец. .
“Откако била донесена одлука за одземање на осум дулуми земјиште, еврејските доселеници и војници речиси секојдневно упаѓаат во училиштето”, додава тој.
Израелските власти минатата недела ги информираа училишните органи и администрацијата на општината Бурин за одлуката за одземањето на осум дулуми земјиште.
Израелската страна тврди дека одлуката за одземање на осум-те дулуми земјиште е направена од безбедносни причини како не би се фрлало камења кај еврејските доселеници.
Извор:faktor

You may also like

Leave a Comment