Официјалните претставници на цивилната одбрана во источната Гута потврдија дека борбени авиони фрлиле запаливи бомби “напалм” на засолниште во Арбин, Источна Гута. Цел на напад било засолниште за цивили, а според најновите информации, најмалку 37 цивили, претежно жени и деца, биле убиени во нападот.

Поради постојаните воздушни напади на Асад и Русија, цивилите не можат да ги напуштат засолништата во Источна Гута.

Игнорирајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за воспоставување на едномесечно хуманитарно примирје во Сирија, силите на Асад, со поддршка на руските воздухопловни сили, започнаа со копнена операција на почетокот на март, со цел да ја заземат Источна Гута.

На 16 март, опозицијата во регионот Хамурије дојдекон во судир со силите на режимот и воспостави контрола над центарот на градот. Истиот ден силите на режимот во Кефр Батни извршија напад врз пазар на кој беа убиени 61 цивил.

Во источната Гута има неколку илјади болни луѓе кои имаат потреба од итна евакуација. Повеќето од нив се деца или луѓе заболени карцином чија болест е во напредна фаза. Покрај тоа, голем број деца, вклучувајќи ги и бебињата, починале поради недостаток на храна и лекови.

Извор:faktor

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here